Matrix Global, одделот на Matrix за аутсорсинг во странство е водечка софтверска консултантска компанија во Израел. Моментално, во Matrix Global се вработени над 600 работници во програмерските центри во Израел и повеќе од 120 работници во Источна Европа. Нашите канцеларии во Македонија и Бугарија се подготвени да ви обезбедат најдобри услови за развивање, тестирање и спроведување на вашите решенија.
Веруваме дека сме најдобри според квалитетот и вредноста што им ја додаваме на комплексните, долгорочни проекти со средна големина. Нашата исклучителна работна сила (високо образована, внимателно одбрана и темелно обучена) е меѓу најстабилните и најлојалните во оваа индустрија. Со повеќе од 4.000 професионалци за софтвер, Matrix е водечки давател на услуги и информатички решенија на израелскиот пазар што е заситен со висока технологија. Безбедносната инфраструктура, политиките и сертификатите што ги поседуваме се најдобри во секој поглед.
Доколку барате партнерство со консултантска фирма којашто може да ги приспособи услугите што ги нуди кон потребите на вашиот проект, она што ви треба е „смартшоринг“ (паметно ангажирање на надворешни соработници во и надвор од самата локација) со кој и да било од центрите на Matrix Global во светот. Како наш клиент, бргу ќе откриете дека географското растојание помеѓу нас е мало и дека речиси и да не постојат културолошки разлики. Ние зборуваме на вашиот јазик, како буквално, така и метафорично.
Matrix одржува стратешки партнерства со водечките светски производители, како што се HP, IBM, Microsoft, Oracle, Red Hat, Business Objects и многу други.
Дознајте повеќе за нашите услуги и за тоа како можете успешно да преговарате за компромис помеѓу развојот на квалитет од светска класа и трошоците во друга земја.