Нашите предности

Со цел да развие стратешки однос со своите аутсорсинг клиенти, Matrix Global со децении вложува во стекнувањето стручност во рамките на одредени вертикални пазари. Долгорочното стратешко партнерство со Matrix Global ќе ви овозможи постојано успешно развивање софтвер за вашите проекти.

  • Вложивме премногу во доменот на стекнување стручност на вертикалните пазари и целосно го покриваме развојниот циклус
  • Покажавме лидерство за идеи во сите области на нашата активност и развивме повторно употреблива интелектуална сопственост и значително знаење во оваа област
  • Имаме темелно разбирање на пазарот и можеме да ви помогнеме да создадете конкурентни производи – споделувајќи ги со вас наградите, но и ризиците
  • Следиме сеопфатен збир од најдобри практики, методологии за проекти и развој (вклучувајќи го Рационалниот унифициран процес (RUP) и Моделот за подготвеност на способноста на софтверот - CMM) и поседуваме сертификат според стандардот ISO 9001. Нашите методологии и најдобри практики ги забрзуваат процесите, ја подобруваат ефикасноста на работата, ги намалуваат ризиците и обезбедуваат успешно извршување на проектот.

Нашите способности се базираат на уникатни предности кои произлегуваат од нашата културна средина, организациската структура и човечките ресурси.

  • Имаме уникатна работна сила – професионални, внимателно избрани и постојано обучувани вработени со одлично познавање на англискиот јазик.
  • Ги користиме придобивките од пристапот што го имаат Македонија и Бугарија до неограничените деловни ресурси и можности во Европа, како и до израелската култура за висока технологија.
  • Нашите вработени работат од понеделник до петок додавајќи уште еден работен ден за нашите израелски клиенти.
  • Временската зона е слична на израелската временска зона.
  • Имаме интегрирана поддршка од водечкиот ИТ дистрибутер во Израел и најголемиот европски обучувач за технологија.
  • Соработуваме со локалните универзитети и образовни институции, нудиме програми за стажирање и вработуваме врвни дипломирани студенти.
  • Rosh gadol е хебрејски идиом што буквално значи „голема глава“, но се однесува на подготвеноста за преземање одговорност, преземање иницијатива и споделување на ризиците (што е спротивно на концептот „мала глава“, кога некој го прави тоа што му е кажано). Matrix Global го применува пристапот „голема глава“ во својот однос со аутсорсинг клиентите.