Нашата глобална визија

Matrix Global ви нуди на располагање висококвалитетна работна сила којашто станува составен дел од вашиот развоен тим и партнер во проектот.

Интеграцијата меѓу клиентот и нарачателот на услуги е едно од поважните прашања во ангажманите со странски клиенти. За да ги надминат културолошките и јазичните пречки, многу компании назначуваа проектни менаџери кои се селеа на локацијата за обезбедување на услугите со цел да ја одржат врската со развојниот тим. Кога тоа се покажа како несоодветно, некои од компаниите што обезбедуваа развојни услуги отворија локални филијали во близина на клиентот за да ја подобрат комуникацијата, но тоа доведе до зголемени трошоци.

За да ги надмине овие проблеми, Matrix Global разви стратешки модел за работа во странство, со кој се гарантираат успешни деловни резултати. Моделот за испорака на Matrix Global се базира на посветен тим формиран со цел да се задоволат потребите на поединечните клиенти и проекти. Тимот е составен така што одговара на потребите на клиентот за секој параметар и служи како дополнение на работата на клиентот. Локалните менаџери и бизнис аналитичари на самата локација на клиентот обезбедуваат беспрекорна интеграција на проектот со вашиот целокупен деловен процес. Развојниот центар на Matrix Global се вклопува во вашиот проект преку менаџерот на самата локација и постојано добива поддршка од базата на знаење на Matrix и искуството со проекти. Методот се базира на темелно разбирање на потребите на вашиот проект од страна на ангажираниот надворешен кадар кој има глобална визија и размислува неконвенционално за да го сведе на минимум вниманието што мора да го посветите за управување на проектот и за да ги елиминира непотребните патувања.

Крајниот резултат е тоа што нашата работна сила составена од посветени професионалци кои размислуваат независно, не бара повеќе внимание за управување отколку вашиот сопствен тим за развој (или програмерски тим), а резултатите може да се споредат со оние на програмерите од САД и Европа.

Дознајте повеќе за нашите области на специјализација.