Во денешната економска клима, Македонија претставува плодна почва за започнување на деловни активности, формирање нови компании и претприемачки активности. Трите мултилатерални и двата билатерални договори за слободна трговија на Македонија ѝ овозможуваат нецарински пристап до повеќе од 650 милиони потрошувачи од земјите-членки на ЕУ, земјите на ЕФТА и ЦЕФТА, како и Турција и Украина. Не само што Македонија е на крстосницата на Југоисточна Европа, што ја прави идеален транзитен и дистрибутивен центар за производи за европските пазари, туку ги следи и меѓународните трендови во развојот на софистицирана инфраструктура за телекомуникации и интернет, со што овозможува лесен и брз пристап и врски. Мотото на македонската Влада „Помалку бирократија, повеќе бизнис“ е своевиден поттик за секој аутсорсинг проект со Matrix Global.
Покрај погодноста од многуте европски врски на Македонија со ЕУ, Matrix Global е добро запознат и со севкупното опкружување на висока технологија во Израел. Високата технологија е главната движечка сила на израелската економија, која го обликува образовниот систем на Израел, структурата на работната сила, како и владините инвестиции во инфраструктурата. Не постои културолошко растојание, јазични бариери или разлики во менталитетот бидејќи работната етика, работните практики и опкружување на Израел се веќе целосно ориентирани кон западните земји, а особено кога станува збор за индустријата за висока технологија.
Matrix Global е врвен центар за аутсорсинг на вашиот бизнис, добредојден насекаде и поддржан од страна на новата Македонско-израелска стопанска комора.