Јадрото на работната сила на Matrix Global го сочинува исклучителна група од повеќе од 120 професионалци во Бугарија и Македонија, земји со традиција на висококвалитетно научно и технолошко образование и лојалност кон работодавците.
Вработените се висококвалификувани, постојано се обучуваат и најчесто имаат долгогодишно искуство во оваа деловна гранка. Течно зборуваат англиски јазик и сите поседуваат техничко образование и дипломи за компјутери, што им овозможува успешно да работат на проекти поврзани со развој, обезбедување квалитет и имплементација на лице место.
Matrix Global овозможува дополнителна обука во специјализирани технички области релевантни за тековните и идните проекти како што се J2EE, J2ME и други. Во соработка со одделот на Matrix за обука и имплементација, John Bryce Training - еден од водечките центри за технолошка обука во Европа, Matrix Global за кратко време подготвува програми за обука за соодветниот проект, приспособени кон потребите на одделни проекти.
Со нашата генерално ниска стапка на заминување на персоналот се обезбедува висок степен на зачувување и континуитет на знаењето, што е идеално при назначување кадар за долгорочни проекти. Станува збор за работна сила којашто ни овозможува истовремено да ги контролираме трошоците и квалитетот.
Дознајте повеќе за учеството и иницијативата на тимот на Matrix Global.