Обезбедување на квалитет

Matrix Global овозможува рачно и автоматско обезбедување квалитет и услуги за тестирање за софтверски програми и системи базирани на единствена методологија развиена од Matrix. Нашите методи и најдобри практики постојано подлежат на преглед и оценување од страна на одделите во Matrix Global за обезбедување квалитет и методологија.

За да обезбедиме највисок квалитет на аутсорсинг дејноста, управуваме со операциите за обезбедување квалитет и тестирање во согласност со следните принципи:

  • Целата работа се изведува во согласност со проверени стандарди како што е ISO 9001
  • Сите процеси и резултати темелно се документираат
  • За секој проект се воспоставува приспособена инфраструктура врз основа на потребите на клиентите
  • Тимот за обезбедување квалитет во рамките на проектот добива обука за производот на клиентот, а знаењето се пренесува од клиентот до тимот на систематски начин
  • Контролите на ниво на процедура и на ниво на производ обезбедуваат усогласеност со спецификациите во секоја фаза
  • Раководството обучено за обезбедување квалитет го следи и надгледува тимот за тестирање на обезбедувањето на квалитетот

 Нашите тестери темелно се обучуваат и информираат преку постојани двонеделни курсеви за обезбедување квалитет со кои се опфатени алатките за управување со тестирањето, како и практични работилници и обука за софтверски модули (UNIX, Linux, SQL, VB, Networking и многу други).

Нашето големо искуство со алатки за тестирање и соработката со сите големи производители (HP, IBM, Compuware, Borland, Microsoft, AutomatedQA, и производителите на алатки со отворен изворен код) се гаранција за висок квалитет со разумни цени за проектите за тестирање на функционалноста, оптоварувањето и перформансите на сите потребни платформи и услуги (вклучувајќи ги SaaS и моделите за изнајмување).

Развивме посебна стручност во различни области на тестирање како што се вмрежување, финансиски апликации, веб апликации, тестирање антивируси и деловни апликации (Планирање на ресурсите на претпријатијата – ERP, фактурирање и Управување со односите со клиентите - CRM).

Нашите ефективни процеси обезбедуваат одлично управување и контрола на проектите и ни помагаат постојано да добиваме висококвалитетни резултати.