Matrix Global го користи знаењето, опсегот на покриеност, како и големото искуство со проекти на својата матична компанија, Matrix, Ltd. Matrix е водечката компанија за интеграција и информатичка технологија во Израел. Со околу 4.000 професионалци за компјутерска технологија, Matrix обезбедува ИТ услуги на повеќе од 500 клиенти од сите сектори на економијата.
Компанијата Matrix ги спроведува некои од најголемите проекти за интеграција во Израел. Компанијата врши развој на технологија и софтвер и спроведува проекти за апликации за бизнис системи. Исто така, обезбедува консултантски услуги, обука, услуги на имплементација и инфраструктурни услуги. Во Израел, Matrix е застапник на светските лидери за софтверски и хардверски решенија, како и решенија за ИТ инфраструктура, како што се IBM, Sun, HP, Cisco, 3Com, Microsoft, Oracle, Red Hat и многу други. Matrix е стратешки партнер и овластен застапник на сите овие производители.
Како оддел на Matrix, Matrix Global и неговите клиенти ги користат богатите технички познавања и искуство со проекти коешто Matrix го има акумулирано во текот на многу години и стотици успешни проекти.
Со техничката стручност и искуството со проекти на Matrix во комбинација со цените за странство на Matrix Global ви се нуди врвно аутсорсинг решение со извонреден сооднос на цената и добивката.
Дознајте повеќе околу тоа што може да направи Matrix Global за вашиот аутсорсинг проект.